МНР: ВМРО ДПМНЕ не може да прифати дека нивните лаги и пропаганда за преговорите се разоткрија во само едно детално видео

од Nikola Popovski

ВМРО ДПМНЕ не може да прифати дека нивните лаги и пропаганда за преговорите се разоткрија во само едно детално видео во кое прецизно беше објаснета содржината на преговарачката рамка, како и процедурите и принципите на преговарачкиот процес, велат од Министерството за надворешни работи како реакција на денешната прес-конференција на порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Како што велат оттаму, на граѓаните им стана јасно дека ниту договорот со Бугарија ниту прегледите од член 12 нема да бидат пречка за напредок во европските интеграции, затоа што тие ниту се дел од поглавјата, ниту во одредниците содржани во акциските планови, ниту пак било каде во специјалниот дел од преговарачката рамка за кој ќе бидат изготвувани извештаи и по кои ќе се гласа.

Европската интеграција на земјава претставува стратешки државен интерес за кој граѓаните, без разлика на политичката припадност, имаат право да бидат јасно и прецизно информирани за прашањата од кои зависи во каква земја ќе живееме во иднина. Граѓаните заслужуваат аргументирана политичка дебата, а не паушални и шпекулативни обвинувања за кои нема никаква основа. За жалење е што опозицијата наместо да ги изложи своите аргументи и јавно да ги објасни своите политички ставови, избира да се вклучи во измислени приказни со кои се обидува да ја избегне одговорност за политичкиот инает со кој настапува. Граѓаните заслужуваат европска иднина, Република Северна Македонија заслужува да продолжи успешно да ги води преговорите и одговорните политички лидери не треба заради тесни партиски интереси да ѝ застанат на тој пат на земјава, стои во реакцијата на МНР.

Ова следува откако портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ денеска упати низа прашања до министерот Османи по објавувањето на видеото во кое Османи на табла црта како изгледа преговарачката рамка на Македонија со ЕУ и објаснува дека договорот со Бугарија не може да биде пречка.

Османи влера објави видео во кое даде кратко објаснување за природата на преговарачката рамка за членство на земјата во ЕУ, нагласувајќи дека Договорот за пријателство и добрососедство и соработка со Бугарија не може да биде пречка на патот кон членството.

Во видеото на својот Фејсбук профил, Османи објасни на табла со креда дека преговарачката рамка е поделена на два дела. Еден дел е општ и за него не се составува извештај од Европската комисија, ниту е потребно гласање на земјите-членки. Другото е посебниот дел од преговарачката рамка со 35-те преговарачки поглавја, според кои треба да се исполнат одредени критериуми и Европската комисија да подготви извештај, а земјите-членки да гласаат.

Слични содржини