Могерини со нова осуда за насилството во Скопје

од Vladimir Zorba

Могерини случувања во Скопје ги нарече „сериозна криза, која може да биде опасна“.

Russland Federica Mogherini in Moskau (picture-alliance/dpa/Sputnik/S. Pyatakov)

Европската унија преку својата шефица на дипломатијата денеска го осуди насилството во македонскиот парламент и порача дека темелите на демократијата мора да бидат почитувани.

Високата претставничка за надворешна политика Федерика Могерини денеска повторно ги осуди сцените на насилство во македонското Собрание.

„Насилството е неприфатливо, дотолку повеќе ако се случува во дом на демократијата“, изјави Могерини во коментарот на повеќечасовните безредија во главниот град на Македонија во кои повредени беа 77 луѓе, меѓу кои и 22 полицајци како и повеќе пратеници и новинари.

Могерини, која учествува на средбата на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија во Малта, во изјавата за новинарите синоќешните случувања во Скопје ги нарече „сериозна криза, која може да биде опасна“.

Шефицата на европската дипломатија се огласи и синоќа преку социјалната мрежа Твитер. Во заедничката изјава со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, беше истакнато дека насилството во Собранието е целосно неприфатливо и заслужува најостра осуда. Двајцата високи претставници на ЕУ повикаа на смиреност и воздржаност.

„Иницијатива за заедничка Македонија“: Одиме до крај!

Освен тоа тие го поздравија изборот на Талат Џафери за нов претседател на македонскиот парламент и порачаа дека Унијата  е подготвена да работи со Собранието на неопходните реформи за да се придвижи земјата напред кон европскиот пат./DW

Слични содржини