МОК позајмил скоро 1 милијарда долари од банките за Токио 2020 година

од Stefanija Kuzmanovska

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) позајми 800 милиони долари од неколку банки за одржување на Олимпијадата во Токио, изјави претседателот на МОК, Томас Бах, на денешната прес-конференција во главниот град на Јапонија.

„Волстрит Журнал“ веќе објави дека Олимпијадата ќе чини повеќе од 25 милијарди долари, што ја прави една од најскапите Летни олимписки игри во историјата. На пример, потрошени се нешто помалку од 14 милијарди долари за Олимпијадата во Лондон 2012 година. Само одложувањето на Игрите за една година чини 2,8 милијарди долари.

„Ќе беше полесно за МОК да ги откаже Игрите бидејќи може да се потпираме на плаќањата за осигурување. Но, решивме да не се потпираме на осигурување, напротив, решивме да инвестираме уште повеќе за спортистите да можат да учествуваат на Олимпијадата. Значи, ние инвестиравме уште 800 милиони долари, поради што моравме да позајмуваме од банките“, рече Бах.

Во исто време, тој истакна дека никогаш не се сомневал дека Игрите треба да се одржат во Токио.

„Зборувајќи за моите впечатоци, овие игри далеку ги надминаа моите очекувања. Знаете, јас никогаш не се сомневав во подготвеноста на Јапонија, јас секогаш велев дека Токио е најдобро подготвениот град за одржување на Игрите – од две причини: бидејќи системот за борба коронавирусот се покажа како многу ефикасен и затоа што спортистите успеаја да внесат душа во овие игри“, додаде претседателот на МОК.

Бах е сигурен дека спортистите се благодарни што Олимпијадата се одржала во позадина на пандемијата.

„Бидејќи моравме да донесеме одлука да немаме гледачи, морам да признаам дека бев загрижен дека овие игри можат да се претворат во бездушни игри. Но, она што го видовме овде е сосема поинакво. Спортистите на Олимпијадата во Токио 2020 и дадоа голема олимписка душа … Атмосферата во Олимпиското село беше поемотивна од било кога“, рече Бах.

Претседателот на МОК го опиша спортското ниво како „екстремно и изненадувачки високо“ и ги нарече Игрите со нови спортови, вклучувајќи скејтборд и спортско искачување, „помлади, поурбани, полово балансирани, привлекувачки на нова публика, нови заедници“.

Слични содржини