МОН: Ќе се скратат програмите по кои ќе се одржуваат испитите од државната матура

од Берта Китинска

По средбата со Сојузот на средношколци , министерството за образование и наука соопшти вели дека првата одлука што ја донело е да се скратат програмите по кои ќе се одржуваат испитите од државната матура со цел полагањето да биде ефективно и организирано.

МОН соопштува и дека на состанокот е најавена целосно нова концепција за државна матура која ќе се применува од 2021/2022 година, а во чија изработка ќе бидат вклучени и наставниците и средношколците.

– Имаме шест месеци да се подготвиме за државната матура, што е повеќе од доволно за организирање на овој процес. Разбираме дека постои страв и несигурност кај средношколците во однос на безбедноста и самиот процес на подготовка, но токму затоа сме тука, низ заеднички дијалог да понудиме решенија кои ќе гарантираат и безбедност и поддршка.Заедно со учениците, училиштата, со наставниците и, секако, со здравствените власти ќе најдеме начин самото полагање да биде безбедно. Истовремено, работиме на креирање систем кој ќе им помогне на средношколците да се подготват и да постигнат високи резултати на државната матура, кои ќе им бидат основа за понатамошно нивно надградување, информира МОН и додава дека е во постојан контакт со матурантите за да бидат во тек со сите новини со матурата и заеднички да се организира успешно полагање.

Слични содржини