„Монд“: Три земји го блокираа проширувањето на ЕУ кон Балканот

од Vladimir Zorba

Зад блокадата за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија стојат три земји – Франција, Германија и Холандија, пишува фрнацуски „Монд“ во врска со министерскиот состанок на ЕУ во Луксембург.

– Северна Македонија и Албанија, признати кандидати за влез во Европската унија, уште ќе чекаат. Франција, Германија и Холандија, во вторникот, 18 јуни, во Луксембург не ја одобрија одлуката која би била премногу симболична за нив: пристапни преговори. Ова бара едногласност на дваесет и осумте членки.

Прашањето за проширувањето на ЕУ кон шесте земји од Западен Балкан останува прашање на поделба меѓу земјите-членки и тие повторно ќе расправаат за можна одлука до октомври. Но тие усвоија дваесет и две страници заклучоци за проширувањето и предуслови за сите кандидати, пишува „Монд“.

Според францускиот весник, тоа што германскиот Бундестаг уште не одлучил за препораката од Европската комисија за преговори со Скопје и Тирана, било добар изговор за колебливите членки да најдат засолниште и да не донесат одлука.

Слични содржини