Денешното рочиште за случајот „Монструм“ беше одложено поради смртен случај на една поротничка. На истот беше предвидено да продолжи читањето на СМС пораки и транскрипти од прислушувани разговори, поврзани со петкратното убиство што се случи кај Смилковското Езеро.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Наредното рочиште е закажано за 27 ноември.

Слични содржини