„МОРАМЕ ДА ГО УРНЕМЕ ЦЕЛИОТ ГРАД“: Градоначалникот на Петриња го спореди градот со Хирошима

од Nikola Popovski

Градоначалникот на градот Петриња, кој претрпе најмногу во земјотресот што ја погоди Хрватска пред четири дена, даде мрачна прогноза.

– Денес, Петриња е град кој скоро целосно ќе се сруши, до вчера имаше шанса 60, 70 проценти да се урнат, но денес дојдов до сознание и вистината – 90 проценти од градот ќе бидат уништени. Едноставно, тоа е Хирошима, која ги направи сите тажни и несреќни, рече градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, известуваат од „24 сата“.

Како што рече, каде и да погледнат луѓето, сè е сериозно оштетено и мора да се сруши.

– Судот пропаѓа, градската администрација, комуналното претпријатие, стопанството, основното училиште, катастарот, градот едноставно пропаѓа. Во овој дел од центарот на градот, кој е изграден во 18 и 19 век, секоја импровизација во овие куќи на лоши темели би била најголема глупост – рече Думбовиќ.

Слични содржини