Морето кај Истанбул се повлече за 25 метри: Експертите открија за што се работи

од Radmila Tasevska

Мраморното море во близина на Истанбул се повлекло за цели 25 метри, а сега оваа појава ја објавија опсерваторијата Кандили и Техничкиот факултет во Истанбул.

Во соопштението за медиумите на опсерваторијата Кандили е наведено дека повлекувањето на морската вода не е предизвикано од земјотрес, како што тврдат некои, туку од метеоролошки настан, пишува N1 БиХ.

Истото било нарачано од Техничкиот факултет во Истанбул.

„Поради центарот со висок притисок кој се наоѓа на запад од Турција, ветерот над Истанбул веќе подолго време дува од север кон југ кон Мраморното Море. Според податоците на Генералната дирекција за метеорологија, интензитетот на овој ветер е 20 километри на час. Овој ветер постојано ја носи површинската морска вода на брегот на Мраморното Море на европската страна на Истанбул кон југ. Затоа нивото на водата се намалува и се повлекува на северниот брег на Мраморното Море во правец на Авџилар, додека се зголемува на јужниот брег на Мраморното Море“, соопштија од Техничкиот факултет.

Слични содржини