Москва протера холандски и белгиски дипломати

од Vladimir Zorba

Москва протерува 15 холандски дипломати, откако Холандија го стори истото со 18 руски дипломати минатиот месец, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Според соопштението, како одговор на протерувањето на руските дипломати од Холандија, Москва прогласува 14 вработени во холандската амбасада во Москва и еден вработен во Генералниот конзулат во Санкт Петербург за персона нон грата, пренесе РИА Новости.

Тие мора да ја напуштат Русија во рок од 14 дена.

Како одговор на протерувањето на руските дипломати од Белгија, Русија прогласи „персона нон грата“ и вработени во белгиската амбасада во Москва.

„Амбасадорот на Кралството Белгија, Марк Мичилсон беше повикан во Министерството за надворешни работи на Русија на 19 април. Тој силно протестираше против провокативната одлука на властите на Кралството да протераат 21 работник на руските странски мисии во Белгија“, соопшти руското МНР во соопштение.

Слични содржини