МОЖЕ ДА БИДЕ ПРЕОПАСНО: Зошто никако не смеете да земате лекови на своја рака?

од Elena Daskalova

Правилата за тоа како се користат лекови важат и во овие вонредни ситуации. Освен оние кои редовно ги пиете како дел од терапија, ништо друго не смеете да земате на своја така.

Зошто е тоа така?

Најпрво, ако веќе земате какви и да се лекарства поради постоечка болест или подолго лечење на состојба, вие не знаете како истите тие ќе реагираат со она што дополнително го пиете. Лекарствата не се превенција, па затоа ако мислите дека ви требаат дополнителни суплементи, јавете се кај вашиот матичен лекар кој ја знае историјата на заболувања.

Потоа, дури и да сте здрави и да не пиете никаква терапија, лекови кои не ви се препишани од лекар може да направат повеќе штета отколку корист и да загрозат здрави ткива. Кога се во прашање антибиотиците треба да бидете особено внимателни, бидејќи секоја антибиотска терапија се пие според наведена шема која ја препорачува матичниот лекар или специјалистот.

Всушност, земањето лекови на своја рака нема да ве заштити, туку напротив, може да го заслабне имунолошкиот одговор на вашето тело и со тоа да се изложите на посериозен ризик за зараза со сега актуелниот коронавирус. Сепак, истиве нешта важат и во нормални услови, кога во светот нема пандемија.

Слични содржини