Можна врска помеѓу срцевото воспаление и вакцините Фајзер и Модерна, велат од ЕМА

од Nikola Popovski

Срцеви заболувања, миокардитис и перикардитис може да бидат вклучени во несаканите ефекти на вакцините Фајзер и Модерна, објави комитетот за безбедност на ЕМА, додавајќи дека овие нарушувања се појавуваат во рок од 14 дена по вакцинацијата.

Истиот извор наведува дека симптомите се поизразени по втората доза и кај помладите мажи.

ЕМА разгледа повеќе од 300 случаи на миокардитис и перикардитис во ЕУ, како и во Исланд, Норвешка и Лихтенштајн. Повеќето случаи се регистрирани по вакцинирањето со вакцината на компанијата „Фајзер“.

Вакцината „Фајзер“ почесто се користи во ЕУ отколку Модерна.

Фајзер рече дека случаите се претежно благи и тие луѓе обично брзо се опоравуваат по вообичаен третман и одмор.

Симптомите на овие болести вклучуваат отежнато дишење, болка во градите и силно чукање на срцето.

„ЕМА потврдува дека придобивките од сите одобрени вакцини против Ковид-19 се поголеми од ризиците“, соопштуваат од агенцијата.

Советодавниот панел на ЕМА препорачува дека лицата со ретко нарушување на крвта наречено синдром на истекување на капиларите (КЛС) не треба да се вакцинираат со Џонсон и Џонсон, што се дава во една доза.

Слични содржини