МПЦ бара од новинар да се појави на „доказно рочиште“ пред „црковен обвинител“ поради негови објави

од Nikola Popovski

Новинарот Марјан Николовски, кој е основач и главен уредник на порталот „Религија“ се нашол на удар на Синодот на МПЦ-ОА. Според објавеното, тој добил покана од Синодот за судска постапка околу наводи дека неговите објави наводно предизвикувале „Основ за изразување омраза, во форма на говор на омраза, предизвикување омраза кај верниците и доведување на оштетените членови на САС (Синодот) во општа опасност и загрозување на нивната безбедност, а особено преку електронски извор – средство за јавно информирање“.

-Од тие причини Синодот ми наложува да се појавам на „доказно рочиште закажано на 29.01.2024 година во 11 часот во канцеларијата на Архиепископијата во Скопје, каде треба да ги предадам сите исправи и предмети, кои како доказ ги имам за моите пишувања, а нив да ги разгледа црковен обвинител, и јас да ги откријам сите мои извори на информации, бидејќи се бара: „да ги произнесете сите факти врз коишто ги засновате вашите наоди“, објави меѓу другото Николовски на „религија.мк“.

Причината, според Николовски, е тоа што во последниве две години „Религија“ интензивно пишувал за состојбата во која се наоѓа МПЦ-ОА во православниот свет и патот што двајца владици го трасираат, а кој води кон заробеништво на МПЦ-ОА во „рускиот свет“.

ЗНМ и ССНМ ги толкуваат како непримерни, недостојни и опасни обидите на МПЦ-ОА да влијае на новинарските трудови и информирањето.

Слични содржини