Мурињо брка бонус од два милиони фунти

од Nikola Popovski

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, ќе добие бонус од 2 милиони фунти ако успее да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона. Сепак, оваа задача не изгледа лесна, бидејќи во моментов лондонскиот тим заостанува девет бода од четвртото место во Премиер лигата.

Ситуацијата дополнително се искомпликува по повредата на голема sвезда и прв стрелец на тимот, Хари Кејн. Сепак, Мурињо веќе започна да го засилува својот тим, при што првиот нов додаток веќе го привлече. Се работи за Жедсон Фернандеш. Кшиштоф Пјатек, кој треба да го замени Кејн, исто така се очекува наскоро да пристигне во Лондон.

Покрај првенството, Мурињо има уште една шанса да го квалификува Тотенхем да се натпреварува во најпрестижната клупска трка, но да го стори тоа, Спарс треба да ги подобрат своите перформанси од минатата сезона, кога стигнаа до финалето, а овој пат да го освојат трофејот во Лигата на шампионите.

Слични содржини