Мурињо добил отказ откако се спротивставил на идејата за Суперлига?

од Nikola Popovski

Жозе Мурињо доби отказ и повеќе не е тренер на Тотенхем.

Сепак, главното прашање е, зошто ова се случува една недела пред финалето во Лига купот против Манчестер Сити?

Според англиските медиуми, Мурињо добил отказ затоа што не сакал да одржи тренинг во понеделникот наутро.

Англиските твитерџии пренесуваат дека Тотенхем го отпуштил Мурињо затоа што тој одбил да ја изведе екипата на тренинг поради одлуката на клубот да се приклучи на Суперлигата.

Тотенхем е еден од 12-те основачи на Суперлигата и тоа не му се допаднало на Мурињо.

Тотенхем во моментов е седми на табелата во Премиер лигата со 50 бода, пет помалку од позицијата што води во Лигата на шампионите.

Слични содржини