Мурињо објасни за шегата меѓу него и Дибала

од Vladimir Zorba

Жозе Мурињо ги пофали Пауло Дибала, Тами Абрахам и Роџер по победата од 3-0 над Монца. Аргентинскиот офанзивец ги постигна своите деби голови во дресот на „волците“, а кога беше заменет беше одлично расположен и поразговара со Мурињо.

„Минатата сезона, на натпреварот против Јувентус на Олимпико, тие го заменија Дибала и јас му реков: „Дечко, ти си многу добар“. Сега му го кажав истото и двајцата се насмеавме бидејќи се сетивме дека тој веќе постигна гол на овој стадион“, објасни Специјалниот.

„Пауло е неверојатен талент и најдоброто нешто е што игра за тимот. Тој дава многу сила за да помогне во одбраната. Точно е дека мина низ многу повреди, но постојано напредува и тоа е знак за тоа што можеме да очекуваме на Мундијалот. Можеби Лионел Скалони треба да ми испрати неколку шишиња вино бидејќи ќе има фантастичен фудбалер на располагање“, покажа Мурињо смисла за хумор.

„Натпреварот беше потежок отколку што покажува резултатот. Монца е интересен тим, ни направија проблеми со начинот на кој подаваа. Мило ми е што луѓето сега зборуваат за Роџер бидејќи тој прави огромен напредок. Помирен е со топката и ги наоѓа вистинските одлуки, наместо да брза само да додава на бекот. Ми се допадна и настапот на Тами Абрахам, тоа го сакам од него. Да, денеска беше вечерта на Пауло, но и Тами одигра фантастично“, изјави Португалецот.

Слични содржини