Мурињо повторно доаѓа во Скопје

од Nikola Popovski

Со головите на Кејн од пенал и на Ндомбеле во 80. и во 85. минута гигантот од Англија ја победи Локомотив во Пловдив и ќе игра со Шкендија во полуфиналето за пласман во Европа Лигата, со што еден од најдобрите светски тренери Жозе Мурињо повторно ќе допатува во Скопје. Неговиот престој во нашиот главен град беше при одржувањето на Европскиот Супер Куп, кога го предводеше тимот на Манчестер Јунајтед.

Тим кој оваа вечер и тоа како се спасуваше во Софија и тоа од Бруно Акраповиќ, екс – стратегот на тетовци. Неговиот Локо Пловдив водеше се до 80.минута, притоа имаше и двајца играчи помалку, но тогаш Кејн од пенал и Ндобеле пет минути подоцна постигнаа два гола за пресврт и победа на Тотенхем од 2:1.

Шкендија пак победи на гостувањето во Романија кај Ботошани со 1:0 и со тоа заслужено се пласираше во следната фаза од натпреварувањето.

Слични содржини