Мурињо: Во полуфиналето шансите секогаш се 50:50

од Vladimir Zorba

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ги сподели своите очекувања за пресметката со Лестер од полуфиналето на Конференциската лига. Тој рече дека во оваа фаза од кој било турнир, шансите на двете екипи се секогаш 50:50. Покрај тоа, Специјалниот откри дека не барал совет од поранешниот тренер на Лестер, Клаудио Раниери, кој е голем фан на Рома.

„Ние сме пријатели, но не сум разговарал со него за овој натпревар. Многу тренери ја освоија Премиер лигата, како Алекс Фергусон, Арсен Венгер, јас, Јирген Клоп, Пеп Гвардиола, но титулата што ја освои Раниери е најспецијална од сите“, смета Мурињо.

Потоа ја откри врската со Брендан Роџерс, со кој работеше во Челси.

„Многу се забавувавме заедно, пријатели сме. Но фудбалот често не испраќа во различни правци. Тој е одличен тренер со голема иднина пред него“, изјави Португалецот.

Потоа повеќе внимание посвети на претстојниот натпревар.

„Лестер заврши во Лигата на конференциите откако испадна од Лига Европа. За нас ова ќе биде 13-ти натпревар на турнирот. Екипи од 30 играчи можат да си дозволат постојано да играат на високо ниво и да прават ротации, но не ние. Предноста на Лестер е што нема потреба да се грижи за нивното место во Премиер лигата додека ние се уште се бориме за учество во Лига Европа. Моментално можеме да завршиме некаде помеѓу 5-то и 8-то. Моментот е тежок, но и кој многу не мотивира. Сум учествувал во многу полуфиналиња и знам дека таму шансите се секогаш 50:50, без разлика кој игра“, изјави Португалецот.

Слични содржини