Муслиу за сведочењето на Нинџа: Забегана работа е тоа што сум сниман во сопствениот дом, правдата ќе ја барам пред судот

од Nikola Popovski

После вчерашното сведочење на Александар Василевски – Нинџа, кој е еден од 16-мината обвинети на вкупно 211 години затвор за упадот во Собранието на 27 април 2017 година и кој рече дека бил следен и смиман и Алберт Муслиу, денес се огласи и самиот аналитичар.

Во вечерашното гостување на ТВ 24, на прашањето за тоа што мисли дека бил снимен од страна на специјален тим од УБК во неговиот дом со поставени камери, Муслиу одговара дека не верува дека само тој бил сниман.

„Можеби сведокот само мене ме спомнал, но ми нема некоја логика само јас да бидам во таа група на прислушкувани. Сигурно има и други луѓе од мој профил, аналитичари, професори кои имале иста судбина. Искрено не знам зошто, горко чувство е, забегана работа. Се надевам дека некој ќе сноси последици за ова и одговнорст, а правдата ќе си ја барам пред судот“, изјави Муслиу.

Слични содржини