Муслиу: Заев сега нуди нешто што не мора, тој си го има потребното мнозинство

од Nikola Popovski

„Заев е на власт и пред недела дена обезбеди мнозинство. Тој сега нуди нешто, што не мора. Тој може со ова тесно мнозинство, со таков „нефункционален“ парламент да го истурка мандатот“, рече аналитичарот Алберт Муслиу за емисијата „24 анализа“.

Тој смета дека помалите партии немаат интерес да се влезе во предизборен циклус, затоа што тие одат во јато со поголемите и за жал таков е изборниот модел.

„Опозицијата го одбива предлогот на Заев, што звучи чудно. Овој што не мора дава рака за влез внатре, а тој што сака да влезе, вели не не влегувам, ако ти не си“, истакна Муслиу.

Слични содржини