МВР: 194 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје

од Vladimir Zorba

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 194 мерки, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол, 29 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, девет санкции за технички неисправни возила.

Изречени се 71 санкција за недавање предност на пешаци на пешачки премин, две мерки за возач почетник, девет санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло…

Слични содржини