МВР ги поднови полицајците со специјални чизми

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи информира дека од денес е започнато со опремување на припадниците на полицијата.

-Започнувајќи од денес на униформираните полициски службеници – припадници на МВР е започнато со делење на високи специјални чизми – вкупно 8550 пара чизми, со вкупна вредност од 46.084.500,00 денари без ДДВ, односно 54.379.710,00 денари со ДДВ. Истите се делат на секој Униформиран полициски службеник на кој согасно Уредбата за униформа им следуваат истите, велат од МВР.

 

Слични содржини