МВР го истражува случајот со поглаварот на ИВЗ

од desk2

Секторот за компјутерски криминал во МВР го документира случајот со говор на омраза кај реисот Сулејман Реџепи. Откако вчера Хелсиншки комитет поднесе кривична за ширење говор на омраза и излагање на подбив на македонскиот народ, полицијата „ги засука ракавите“. Се анализира дали неговиот говор кога дава квалификации на „див“ и „непримерен народ без идентитет“, јавува 24 Вести.

 

– „Министерството за внатрешни постапува по поднесената пријава од страна на Хелсиншкиот комитет , случајот се документира и во текот на денот ќе биде известено јавното обвинителство.“ – велат од МВР.

Осуда за говор на омраза пристигна и од „Илинденска бр.2. „ Вчера Комисијата за односи со верските заедници порача дека ваквите говори кои предизвикуваат и понатаму ширење на нетрпеливост и омраза се минато.

– „Владата го осудува секој говор на омраза, без разлика дали е искажан на социјални медиуми, на трибини или каде било.“ – изјави Миле Бошњаковски- портпарол на Влада.

За разлика од оваа општа изјава на владиниот портпарол, потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зекири упати сериозни критики до реисот Реџепи.

– „Резил улема Сулејман Реџепи позицијата поглавар на ИВЗ ја има узурпирано со Калашникови, со закани и сеење страв. Повеќе од 10 години трае неговото самоволие во таа институција. Иако е најповикан да постапува во склад со тоа на што нè учи ИСЛАМОТ, имено да биде праведен и да ги почитува различностите, тој го прави токму спротивното“. – изјави Мухамед Зекири.

Од ИВЗ вчера порачаа дека реисот бил изваден од контекст бидејќи кога рекол тоа е див и непримерен народ без идентитет не кажал „македонци“, и мислел на жителите во Лажец. Инаку ова село демографски важи за мешано македонско-албанско село. Реџепи пред десетина дена се скара и со премиерот и со преписки даде ултиматум дека предизборно ќе ги извести верниците во 700 џамии дека се дискриминирани. Но, по неколку дена се повлече и најави дека решавањето на спорените верски објекти ќе го бара по изборите.

Слични содржини