МВР со детали за инцидентот на Рекорд

од Stefanija Kuzmanovska

Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги лишиле од слобода T.В.(30), K.С.К.(33), M.Е.(22) и T.Р.(25), сите од Република Грција, пренесе „Сител“.

– Тие се сомничат дека, како дел од навивачка група, околу 16.00 часот на ул.„Македонија“ физички ги нападнале Н.К.(41) и А.В.(42), двајцата од Скопје. По преземени мерки било утврдено дека дел од лицата од навивачката група одзеле предмети од продажен објект на улицата. Четворицата биле приведени во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

Слични содржини