МЗ: Не е откажан договорот со Синофарм, се усогласува документацијата на Министерствата за надворешни работи

од Vladimir Zorba

„Авансната уплата која Министерството за здравство ја изврши за набавка на вакцината Синофарм, по барање на кинеското Министерство за надворешни работи беше повлечена заради усогласување на документација, на нашето МНР и МНР на Народна Република Кина. Разговорите се во завршна фаза, не станува збор за откажување на договорот, вакцините против Ковид 19 од производителот Синофарм во најкус можен рок ќе стигнат во нашата земја“, велат од Министерството за здравство во одговор на прашањето на Канал 5.

Портпаролот Димиче Арсовски на ВМРО-ДПМНЕ вчера објави дека имаат информации дека е вратен авансот кој владата го платила до кинеската фирма.

Тој вели дека Македонија нема да добие кинески вакцини ниту во наредниот период.

Слични содржини