Најмалку 18 мртви мигранти пронајдени во камион во Бугарија

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 18 тела на мигранти се пронајдени во Бугарија во напуштен камион, во село во близина на Софија, соопшти денеска бугарското МВР.

„Според првичните информации, камионот превезувал илегални мигранти, вкупно околу 40 лица, кои се криеле под дрва“, соопшти министерството, пренесе „Ројтерс“.

Преживеаните се префрлени во болница, за да им биде укажана лекарска помош, се наведува во соопштението.

Слични содржини