На 31 декември, нема групирање и забави со повеќе од четири лица

од Берта Китинска

Полицијата на 31 ќе се контролира дали и колку се почитуваат мерките против ширење на ковид 19.

Ќе се проверуваат викендици ќе се контролираат и домовите особенo онаму каде што ќе биде забележан поголем број на луѓе. Мета на полицијата ќе бидат и туристичките месат. Униформирани лица ќе има и по булеварите и по улиците низ државава.

Од МВР велат дека со предходна дојава дека во некој објект има журка или прослава со налог од јавен обвинител ќе може веднаш да влезат. Министерот за внатрешни работи најави дека ќе има казни за сите кои нема да ги почитуваат мерките.

„Имаме оперативен план за празничната ноќ, кој ѝ е потребен на полицијата и тоа е доволно што треба да се знае. Сите оние кои што нема да ги почитуваат прописите, дали е тоа сопственик на вили кои што ги издаваат или се граѓани кои што учествуваат во такви настани ќе бидат поднесени кривични пријави со кривична одговорност зошто директно го нарушуваат животот и здравјето на граѓаните“, рече Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Граѓаните може да се јавуваат и да ги пријавуваат забавите и групирањата на бесплатниот телефонски број 0800 00 201.

Министерот верува оти овој проект со телефонскиот број ќе помогне, затоа што како што рече, и досега имале бројни јавувања кои резултирале со спречување на таквите забави.

Од 18 декември до 20 јануари важат мерките

Се ограничува работата на угостителските објекти наместо до 21 часот да биде до 18 часот, освен за угостителските објекти кои остваруваат продажба на алтернативен начин (онлајн нарачки, телефонски нарачки и слично) и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект (преку штанд/пулт).

Дополнително, работата на угостителските објекти до 18 часот, да биде спроведена во рамките на веќе усвоените протоколи за работа. Оваа мерка да почне да се применува од 18 декември 2020 година до 21 јануари 2021 година.

 

Слични содржини