На две локации во Скопје запалени четири возила

од Stefanija Kuzmanovska

На две локации во Скопје во текот на ноќта биле запалени четири возила, информираат од МВР.

Во првиот случај кој е пријавен во СВР Скопје нешто после 3 часот по полноќ, на улица Цветан Димов настанал пожар во патничко возило „фолксваген голф“, сопственост на Б.А.(33) од Скопје и патничко возило „опел корса“, сопственост на Е.Д. (38) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Вториот случај, пак, кој е пријавен во истото време бил на улица Петар Ацев во Скопје каде настанал пожар во патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.М.(32) од Скопје. Од пожарот било зафатено и патничко возило „субару“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Љ.Н. (58) од Скопје.

Во двата случаја нема повредени, а интеревенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Увид на местата извршиле екипи од СВР Скопје.

Слични содржини