На изборите во Пенсилванија победи мртов советник

од Stefanija Kuzmanovska

Локален советник во Пенсилванија беше реизбран со големо мнозинство во вторникот, покажаа привремените податоци објавени од локалните медиуми, иако тој почина минатиот месец по борба со ракот.

Демократот Тони Де Лука почина на 85-годишна возраст на 9 октомври од лимфом, а дотогаш беше предоцна да се сменат гласачките ливчиња.

Локалниот советник кој 20 години го претставуваше 32-от округ на Пенсилванија во предградијата на Питсбург во Долниот дом на државата беше реизбран со 86 отсто од гласовите, откако беа преброени 98 отсто од гласачките ливчиња.

По ваквата одлука на гласачите, изборите мора да се повторат.

„Длабоко сме тажни поради загубата на Тони Де Лука, но и горди што гласачите ја покажаа својата доверба во него и неговата посветеност на демократските вредности со реизборот на него постхумно“, напиша раководството на Демократската партија на Пенсилванија на Твитер.

Слични содржини