На Мареј му се слоши, Ѓоковиќ без борба во четвртфиналето

од Vladimir Zorba

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј нема да играат во третото коло на Мастерсот во Мадрид, откако Британецот го предаде мечот поради болест.

Информацијата е објавена на официјалниот Твитер профил на турнирот во Мадрид.

Новак со тоа директно се пласираше во четвртфиналето каде го чека подобриот од дуелот Душан Лајовиќ – Хуберт Хуркач. Тој дуел се игра во четврток од 13 часот и 30 минути.

Наместо Ѓокови и Мареј, на централниот терен ќе бидат Андреј Рубљев и Даниел Еванс.

Да потсетиме, Ѓоковиќ во последното коло го совлада Гаел Монфис со 2:0 и доколку го освои турнирот во Мадрид ќе стигне до 38. Мастерс титула во кариерата.

Слични содржини