На „Олд Трафорд“ се предадоа за Халанд, подготвуваат понуда за Кејн

од Vladimir Zorba

Манчестер Јунајтед планира да достави понуда до Тотенхем за Хари Кејн во текот на летниот преоден рок. Англискиот репрезентативец беше главна мета на градскиот ривал Манчестер Сити, но не еднаш во последните години неговото име се поврзуваше со „црвените ѓаволи“.

Еден од приоритетите на Јунајтед за летната селекција е да привлече квалитетен централен напаѓач. Клубот се надеваше дека ќе може да ја победи конкуренцијата за Ерлинг Халанд, за кој, сепак, се вели дека бира само помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид.

Поради овие причини „црвените ѓаволи“ го обновиле интересот за Кејн, тврди „Мирор“.

Капитенот на Англија има договор со Тотенхем за уште 2 години и вели дека се чувствува многу добро со Антонио Конте, но ова лето изгледа како последна можност за него да бара промени, бидејќи Кејн во јули ќе наполни 29 години. Минатата година тој тврдеше дека е крајно време да почне да освојува трофеи, што нема да му се случи во Тотенхем уште една сезона.

Веројатноста за трансфер на „Олд Трафорд“ ќе биде уште поголема доколку клубот го назначи Маурисио Почетино.

Двајцата се многу блиски од времето кога работеа заедно во Тотенхем.

Слични содржини