На овие местата продолжува гласањето

од Берта Китинска

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски вечерва на прес-конференција објави дека најголем дел од гласачките места се затворени и дека денот помина успешно.

-Излезноста до 18:30 часот е 48,88%, односно гласале 555 943 граѓани. Најголема излезност има во Вевчани 81,2% и Гевгелија 80,77%. Најмала излезност во Сарај 28,12% до 18:30 часот, изјави Даштевски.

Тој изјави дека во Сарај гласањето ќе се продолжи на избирачкото место 2433 – два часа и 45 минути, на гласачкото место 2435 – два часа и 45 минути, на гласачко место 2438 два часа.

Во Карпош гласањето ќе се продолжи на избирачкото место 2652 – два часа и 30 минути, во Чешиново – Облешево на гласачко место 0887 – еден час и 11 минути, во Зелениково на гласачко место 2373 – два часа и 15 минути, во Пробиштип на избирачко место 1566/1 еден час и 55 минути и избирачко место 1572 два часа.

Во Долнени гласањето ќе се продолжи на избирачкото место 1471 еден час и 30 минути.

Слични содржини