На повидок е нова љубовна романса помеѓу Бред Пит и славна пејачка

од Nikola Popovski

Познатиот актер Бред Пит не мирува кога станува збор за љубовниот план, пренесува еден британски портал.

Неодамна го доби старателството над децата, а расправијата со Анџелина Џоли траеше скоро пет години.

Анонимен извор откри дека Пит разменувал броеви со пејачката и актерка Андра Деј (36), која ја запознал на Оскарите годинава.

„Тие флертуваа зад сцената и разменија броеви“, изјавил кратко изворот и рекол дека размената можела да биде деловна.

Деј ја играла џез-пејачката Били Холидеј во „САД наспроти Били Холидеј“ и беше номинирана за Оскарот за најдобра главна женска улога. Иако не освои златна статуа, таа блесна на црвениот тепих во златен асиметричен фустан со висок шлиц на колковите. Очигледно, токму во таа комбинација го „фатила“ Бред за око.

Слични содржини