На Вилијам и Хари погребот на нивниот дедо ќе им разбуди тешки спомени

од Stefanija Kuzmanovska

Експерт за кралското семејство тврди дека одењето зад ковчегот на принцот Филип ќе им врати „тешки спомени“ на принцовите Вилијам и Хари на загубата на нивната мајка, пренесува „Дејли меил“.

Војводата од Кембриџ и војводата од Сасекс ќе се соберат во сабота на погребот на нивниот дедо, војводата од Единбург. Тие ќе се движат зад ковчегот на нивниот дедо како дел од поворката на неговиот погреб во Виндзор.

Во интервју за „Фемаил“, експертот за кралското семејство, Пени Јуниор, објасни дека погребот ќе разбуди многу тешки спомени од погребот на принцот Дајана, мајката на Вилијам и Хари.

На тој погреб, зад ковчегот на принцезата Дајана додека патуваше до Весминстерската опатија, се движеа принцовите Вилијам и Хари, принцот Чарлс, принцот Филип и братот на Дајана, грофот Спенсер.

„Ова веројатно ќе биде многу емотивно за целото семејство. Сигурна сум дека тоа ќе разбуди тешки спомени за принцовите на губењето на нивната мајка. Веројатно ќе биде тешко и за нивниот татко“, додаде Пени.

„Веројатно сите ќе се сетат дека последен пат кога војводата од Единбург одеше вака, тоа беше со нив за да ги охрабри да го поминат тој ден“, додаде таа.

Погребот на војводата од Единбург ќе се одржи во сабота, а луѓето ширум светот ќе можат да го следат на телевизија.

Принцовите Вилијам и Хари се очекува да застанат рамо до рамо за време на кралската поворка.

Слични содржини