На влезот во Украина од Полска чекаат колони возила

од Stefanija Kuzmanovska

На граничниот премин Дорохуск, еден од осумте на полско-украинската граница, деновиве се видливи долги колони камиони и други возила, но на влезот во Украина, за разлика од март, кога 80.000 жени, деца, болни и стари лица поминуваа секој ден во спротивна насока во најголемиот бегалски бран.

Денеска од Украина секојдневно пристигнуваат нешто помалку од 900 луѓе, а толпата е од другата страна, во правец на земја во која беснее војна.

Во текот на март на локалните премини од полска страна немаше никој, додека од правец на Украина се чекаше неколку дена, а сега е сосема поинаку.

Слични содржини