Над 15 илјади активни случаи на Ковид-19, регистрирани 184 реинфекции

од Vladimir Zorba

Бројот на активни случаи со КОВИД-19 во земјава изнесува 15.576, а вкупниот број инфицирани од почетокот на епидемијата кај нас достигна 243.284.   Во последното деноноќие се направени 7.564 тестирања, а регистрирани се 1.635 нови случаи на КОВИД-19.

Од новодијагностицираните, во главниот град се 785, а следни со најмногу заразени се Прилеп – 121, Битола – 110, Куманово – 78 и Кичево – 47.

Како што соопшти ресорното министерство, од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 184 реинфекции.

Регистрирани сe 1.276 оздравени пациенти, а починале девет пациенти, сите во болнички услови. Досега во земјата се направени вкупно 1.700.555 тестирања на Ковид-19. Бројот на оздравени пациенти е 219.616, а на починати е 8.092.

Поради нагорната линија на позитивни лица со КОВИД-19, се очекуваат надлежните да соопштат дали на време ќе почне второто полугодие од учебната 2021/2022 година, на кој начин ќе се одвива наставата или ќе има одложување.

Слични содржини