Над 50% од црногорските граѓани сметаат дека веднаш треба да се организираат предвремени избори

од Vladimir Zorba

Речиси 60 отсто од граѓаните на Црна Гора сметаат дека изборите се единственото решение за политичката криза, а повеќе од половина дека треба да се организираат веднаш или што е можно поскоро, покажа истражувањето на Агенцијата МИНА и Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ).

Според истражувањето, 13,9 отсто од граѓаните на Црна Гора сметаат дека не треба да се организираат предвремени избори.

„Дека веднаш треба да се организираат предвремени избори или што поскоро размислуваат 50,5 отсто од граѓаните, а 14,4 отсто не знаат или не можат да проценат“, покажаа резултатите од истражувањето.

Слични содржини