Надал: Ѓоковиќ не е единствениот кој згреши во целата ситуација, но е еден од одговорните

од Vladimir Zorba

Иако сагата околу Новак Ѓоковиќ заврши, „прашината“ се уште не е спуштена. Ниту една конференција не може да помине без прашања поврзани со најдобриот тенисер во светот.

Запрашан уште еднаш за ситуацијата околу Србинот, Рафаел Надал изјави:

– Искрено, уморен сум од оваа тема… Кога го доби првото судење, реков дека правдата си го кажа своето. Вчера одлуката беше поинаква, а јас никогаш нема да бидам против тоа што го кажува правдата – изјави „Бикот од Мајорка“.

Шпанецот беше „мирен“ на мрежите, но на прес-конференцијата истакна дека за самиот тенис би било подобро да играат сите играчи, вклучително и Новак.

– Ситуацијата сега е јасна. Отсекогаш сум имал добри односи со моите ривали, животот така е многу полесен. Така е цел живот со Новак, му посакувам се најдобро. Целата ситуација беше хаотична и Новак не е единствениот кој згреши – изјави Надал и заклучи:

– Но, Новак е еден од одговорните.

Слични содржини