Нафта во замена за вакцини: Мадуро покрена необична иницијатива

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро покрена необична иницијатива. Тој излезе со идеја испораките на вакцини против коронавирусот во Венецуела да се плаќаат со нафта, бидејќи земјигд се со „врзани раце“ поради американските санкции.

„Денес одобрив испорака на нафта во замена за вакцини. Венецуела има цистерни со нафта и клиенти кои купуваат нафта, па затоа би можеле да испратиме дел од произведената нафта за да ги купиме потребните вакцини“, рече политичарот за ВТВ.

Според Мадуро, официјален Каракас презема законски и судски мерки за ослободување на средства замрзнати на државни сметки во други земји преку санкции за плаќање на вакцини во рамките на меѓународниот механизам „Ковакс“. Сепак, како што рече, на тој начин ќе може да се добијат само 20 проценти од потребната количина на препарати.

Друг начин за снабдување на населението со вакцини е плаќање со нафта, објасни претседателот и посочи дека Венецуела е подготвена за тоа и дека никогаш нема намера да моли.

Потпретседателот на Венецуела, Делси Родригез, во средата изјави дека повеќе од седум милијарди долари се чуваат во странски банки, до кои властите на земјата не можат да пристапат поради санкциите на Соединетите држави и нивните сојузници.

Во врска со тоа, Мадуро истакна дека ако владата не успее да обезбеди ослободување на своите ресурси за плаќање на вакцините, ќе ги најде потребните средства од други извори.

Според официјалните податоци, бројот на потврдени случаи на коронавирус во Венецуела надмина 156.000, а починаа 1.555 лица.

Слични содржини