Нагелсман: Мојата среќа не зависи од заминувањето на Роналдо во Дортмунд

од Vladimir Zorba

Баерн (Минхен) ја започна својата сезона многу силно, постигнувајќи осум гола во првите два натпревари од кампањата во Бундеслигата.

Во недела, Баварците гостуваат во Бохум, кои се на сосема спротивна позиција, откако забележаа два порази во првите два меча од кампањата.

Сепак, Јулијан Нагелсман ги истакна силните страни на својот противник, го потврди веројатното отсуство на Џамал ​​Мусиала, кој одлично ја започна сезоната, а исто така одговори и на прашање за евентуален трансфер на Кристијано Роналдо во Борусија Дортмунд, како што шпекулираа различни медиуми во изминативе денови.

„Бохум одигра со многу срце на двата меча против нас минатата година. Во Риман имаат голман кој може да испраќа добри долги топки. Џамал ​​Мусиала најверојатно ќе го пропушти неделниот натпревар поради проблем со адукторот. Не е ништо драматично, но мора да бидеме внимателни. Роналдо во Борусија Дортмунд? Не е моја работа да коментирам дали ќе оди таму. Тој е добар играч и има постигнато многу голови во кариерата, веројатно ќе постигне уште неколку. Но, мојата среќа во животот не зависи од тоа дали ќе оди во Дортмунд“, изјави Нагелсман.

Слични содржини