Најчеста грешка во шминкањето што ја прават девојките со кафеави очи

од desk4

Иако се чини дека кафеавите очи дозволуваат да експериментирате со боите на сенките и моливчињата за очи, постојат одредени грешки што мора да ги избегнувате.

Unsplash

Се работи за топлите нијанси на кафеава боја, кои на огледало изгледаат како да се претопуваат со вашите очи. Но, во реалноста прават да изгледате уморно.

Ако имате ваква палета со сенки за очи, користете ја само за нагласување, додека во основа треба да експериментирате со сина, сива, розова или виолетова боја. Кафеавите нијанси користете ги за нагласување на надворешниот агол на окото.

Остатокот од окото нашминкајте го со светкави или сатенски нијанси, а избегнувајте да користите мат финиш.

Исто така, внимавајте и на боите на руменило и кармин. Најдобро ќе ви стојат розовите топли нијанси, а треба да ги избегнувате кафеавите и бронзените.

Слични содржини