Најчевска за Арсовска: Вака прават градоначалниците кои лажеа дека се независни

од Nikola Popovski

Професорката Мирјана Најчевска ја коментираше денешната одлука на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска за назначување на Јане Мицевски, за вршител на должноста директор на ЈП Депонија „Дрисла”.

-Јане е назначен на оваа функција заради својата професионалност и искуство и знаење и способност и до сега покажаните резултати. Не затоа што беше носител на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во Сопиште. И не затоа што е горд следбеник на Ќосето и горд почитувач на криминалецот Груевски, напиша Најчевска на Фејсбук и додаде:

-Ете тоа се тие нови и препознаени квалитети кои ќе ја извлечат државата од ќенефот во која истите тие ја закопаа. Вака прават градоначалниците кои лажеа дека се независни, стои во објавата.

Мицевски е дипломиран економист, со повеќегодишно работно искуство на раководни позиции.

Ова промена на раководната позиција на ЈП „Дрисла“ доаѓа по разрешување на Коста Начевски од вршител на должноста директор на ова претпријатие.

Слични содржини