Најдобро растојание помеѓу две бремености според гинеколозите

од Stefanija Kuzmanovska

Породувањето не е едноставен настан во животот на една млада мајка и потребно е одредено време за да се нормализираат функциите на половите органи.

Токму затоа повеќето жени ги интересира колку време треба да помине помеѓу две бремености за бременоста и породувањето да поминат без негативни последици.

Како што објаснуваат гинеколозите, за повеќето жени е најдобро да чекаат најмалку 18 месеци помеѓу породувањето и повторното забременување.

Тие тврдат дека истражувањата покажале дека на нашето тело му треба точно толку време за целосно да се опорави од претходната бременост пред да биде подготвен за следната.

Но, зошто е важно да се чека најмалку 18 месеци пред повторно да се обидете да забремените?

Гинеколозите истакнуваат дека повторената бременост во тие 18 месеци наводно го зголемува ризикот од одредени здравствени проблеми за мајката и детето, вклучувајќи:

– предвремено породување

– мала породилна тежина на детето

– поголем ризик од долгорочни здравствени проблеми.

Слични содржини