Најголем пакет помош: Сенатот одобри 40 милијарди долари помош за Украина

од Nikola Popovski

Американскиот Сенат одобри речиси 40 милијарди долари помош за Украина, испраќајќи предлог-закон до Белата куќа за потпишување од претседателот Џо Бајден.

Сенатот гласаше со 86 „против“ и 11 „за“ за пакетот воена, економска и хуманитарна помош, што е досега најголемиот пакет американска помош за Украина. Сите 11 гласови против беа од Републиканската партија.

„Со донесувањето на оваа итна помош, Сенатот сега може да му каже на украинскиот народ: помошта е на пат. Вистинска помош. Значајна помош. Помош што може да обезбеди победа на Украинците“, рече лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер.

Главниот помошник на украинскиот претседател Владимир Зеленски му се заблагодари на Сенатот на САД.

„Ние се движиме кон победата самоуверено и стратешки. Им благодариме на нашите сојузници“, рече шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, во објава на интернет неколку минути по гласањето.

Слични содржини