Најголемиот норвешки пензиски фонд се повлече од 14 компании кои произведуваат оружје

од Vladimir Zorba

Најголемиот норвешки пензиски фонд KLP се повлече од удел во 14 компании кои произведуваат нуклеарни проектили и друго оружје, јавува „AA“.

Во соопштението на KLP, чие седиште е во норвешката престолнина Осло и кој управува со 35,4 милијарди долари, се наведува дека донеле одлука да се повлечат од уделот во компаниите за кои се смета дека ги прекршуваат правилата за производство на оружје.

Одлуката ќе влијае на компаниите кои произведуваат одредено оружје.

Во соопштението се вели дека од овој месец повеќе нема да работи со 14 компании, вклучувајќи ги и британските Rolls Royce, Raytheon Technologies со седиште во Масачусетс и француската Thales.

Се додава дека Rolls Royce произведува делови за серија бродови кои можат да лансираат нуклеарни проектили, со напомена дека одлуката за повлекување од уделот на компаниите е донесена поради кршење на етичките правила.

Во соопштението се додава дека Raytheon Technologies произведува проектили со нуклеарни боеви глави, а Thales произведува делови за нуклеарни проектили.

Со одлуката за повлекување од споменатите партнерства, KLP отстапи 117 милиони долари во акции и околу 23,5 милиони долари во обврзници.

Слични содржини