Најмалку 21 лице почина од студ во последните пет дена во САД

од Vladimir Zorba

Најмалку 21 лице загинаа поради екстремен студ и снег во американските сојузни држави Тенеси, Мисисипи, Арканзас, Канзас, Орегон и Њујорк од 12 јануари, објави Си-Ен-Ен.

Во Тенеси, каде што беа пријавени седум смртни случаи, возач на камион загина кога изгубил контрола над своето возило на лизгав пат на автопатот во Ноксвил и удрил во приколката на друг камион, соопшти полицијата.

Американските метеоролози предупредуваат на нова рунда снег и студ што пристигнува во делови од Америка.

Слични содржини