Најнов црн рекорд во Русија, во последните 24 часа починале 1.211 лица од ковид

од Milan1

Бројот на починати од ковид во Русија се зголеми за 1.211 во последните 24 часа, во споредба со 1.190 еден ден претходно, што е најнов црн рекорд од почетокот на пандемијата.

Од почетокот на пандемијата досега од Ковид-19 починале вкупно 249.215 пациенти, покажуваат податоците на Рускиот кризен центар за борба против коронавирусот.

Русија по последните 24 часа регистрира 39.160 новозаразени со коронавирусот, што е најмал број во изминатата недела.

Така, вкупниот број на заразени со Ковид од почетокот на пандемијата достигна 8.873.655 случаи, соопшти Кризниот центар за борба против корона вирусот.

Слични содржини