Најпознатиот магионичар на светот обвинет за силување

од desk2

Еден од најпознатите светски магионичари Дејвид Блејн е обвинет за силување. Од полицијата велат дека истражуваат, а Блејн негира.

Поранешната манекенка Наташа Принс го обвини Блејн во интервју за „Дејли бист“ дека ја силувал во Лондон 2004 година, неколку месеци по нејзиниот 21 роденден.

Британската полиција го повика Блејн да дојде во Британија на испитување поради „инцидентот во Лондон 2004 година“.

Од британската полиција наведуваат дека работат по обвиненијата, но до сега никој не е уапсен.

Адвокатот на познатиот магионичар истакнува дека Блејн ги негира сите обвинувања и дека во потполност ќе соработува со полицијата доколку дојде до истрага затоа што нема што да крие.

Обвинувањата против Блејн се објавени кога цел Холивуд е на нога по обвинувањата за сексуално вознемирување и злоставување против познатиот продуцент Харви Вајнштајн.

Слични содржини