Грчкиот премиер Алексис Ципрас е изведен пред тешка битка во обид да ја освои поддршката на коалициските партнери за третиот спасителски предлог од лидерите на еврозоната, информира БиБиСи.

20150714.yhtishloeu

Четири законот треба да бидат отворени во парламентот во Атина до среда, вклучувајќи ги и оние за пензиите и даноците.Ако договорот меѓу Грција и доверителите не се случи, банките во земјата ќе се сруши и нашиот јужен сосед може да биде принудена на напуштање а  еврозоната. Спасувачкиот план целосно зависи од тоа дали грчкиот парламент ќе го усвои договорените реформи – вклучувајќи укинување на даноците и либерализација на пазарот на трудот. Тоа треба да се случи до утре. Финансиските министри од сите 28 земји членки на ЕУ ќе се соберат утрово во Брисел за да разговараат за ситуацијата во Грција. А во Атина претстои состанок на пратениците од СИРИЗА и коалициските партнери од партија “Независни Грци”.

Грција веќе пропушти да го отплати на меѓународниот монетарен фонд обврски од 450 милиони евра.Плаќањето требаше да се случи до синоќа. 1,5 милијарди евра Атина мораше да плати и  на 30 јуни кон МФВ што исто така не се случи, за да може Грција да биде првата од индустријализираните земја со акумулирани долгови кон Фондот.  Во исто време синдикатот на грчките државни службеници повика на 24-часовен штрајк во средата како израз на несогласување со договорените услови со еврозоната.Ова ќе е првиот штрајк во рамките на шестмесечното управување на премиерот Алексис Ципрас и неговата СИРИЗА.

Слични содржини