Најубавата жена во Европа потекнува од Нови Сад: Која е мисицата со блескавата титула? (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Изборот за најубава жена во Европа се одржа во Виена, а титулата ја понесе Србинката Љубица Рајковиќ.

Рајковиќ зад себе има многу други слични признанија. Таа исто така беше Мис Балкан, Мис Србија и Топ Модел на Европа, а сега и официјално е најубавата Европјанка. Покрај тоа, Љубица го освои второто место на натпреварот за Мис на светот што се одржа на Филипините.

Инаку, Љубица е студентка на Филозофскиот факултет во Нови Сад, каде ги завршува студиите за српски јазик и литература.

И тоа не е крај на долгиот список на нејзините интереси – покрај сето тоа, таа е и инструктор по зумба, а оваа активност во комбинација со фитнесот се заслужни за нејзината фигура.

Слични содржини