НАМАЛЕНИ ТЕНЗИИ: Принцовите Хари и Вилијам повторно зборуваат

од Vladimir Zorba

Уште откако Меган и Хари „го кренаа сидрото“ и го најавија своето заминување од кралското семејство, од сите страни се шпекулира за односот на најпознатите браќа од британскиот престол. Иако тие за последен пат се видоа кон крајот на март во Лондон каде се однесуваа прилично ладно, повторно се зборува за сегашната врска помеѓу Хари и Вилијам, откако се чини, вели експертот за кралски семејни односи, Кејти Никол, дека решиле повторно да стапат во контакт.

– Имаше очигледни проблеми во таа врска, но работите се подобрија. Знам дека Вилијам и Хари разговараат на телефон и прават видео повици, и мислам дека за тоа придонесе и болеста на принцот Чарлс – вели Никол.

Таа се осврнува и на фактот дека нивниот татко го добил коронавирусот и тој момент бил причината за освежување на комуникацијата.

– Има олеснување од обете страни дека целата драма сега е нешто од минатото. „Сасекси“ може да бидат слободни и да си го живеат животот, а „Кембриџи“ може да се вратат на старите навики без да се вознемируваат – објасни Кејти.

Експертката за кралскотосемејство додаде и дека се олесниле и тензиите меѓу Кејт и Меган.

– Мислам дека на Хари и на Меган им недостасуваат Кејт и Вилијам, а особено Хари и како тој бил во нивните животи пред тоа, изјави таа за Entertainment Tonight, опишувајќи го редовниот повик на Хари кон кралицата.

Потсетуваме, Меган и Хари го продолжуваат животот по „Мегзит“ во Лос Анџелес каде ќе градат иднина без влијание на кралското семејство.

– Слушнав дека имаат одлично чувство за слобода и многу се задоволни од новиот начин на живот и како работите гиправат на своја рака – рече стручњакот, потсетувајќи дека парот извршува хуманитарна работа за време на пандемијата и дека редовно контактираат со сите организации со кои соработуваат.

Слични содржини